X
 24.01.2017 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 24 јануари 2017 година, 24-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:48, а ќе зајде во 16:43 часот. Денот ќе трае 9 часа и 55 минути.

Претежно облачно и студено утро имаме и денеска во Македонија. Во одделни котлини има појава на магла и ниска облачност, но со продорот на влажна воздушна маса и засилен ветер се очекува растерување на маглата и ниската облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со слаби врнежи од снег и студено време. Во Гевгелиско-Валандовскиот како и во Дојранскиот регион врнежите ќе бидат од дожд, а во текот на ноќта кон среда ќе преминуваат во снег. Поинтензивни врнежи се очекуваат во југозападните и јужните предели, но и тука не со некој интензитет кој што може да предизвика некакви проблеми, бидејќи не се очекува формирање на нова снежна покривка повисока од 5 сантиметри, а на Кожуф се очекуваат нови 20-25 сантиметри снег. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и источен ветер, кој попладне ќе промени правецот и ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од -8 до 1 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до -3 односно до 5 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје по магловитото утро, во текот на денот ќе биде претежно облачно со слаби врнежи од снег и постепено намалување на маглата. Ќе дува доумерен слаб северен ветер. Утринската температура од -5 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 1 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во среда во утринските и претпладневните часови облачно со врнежи од снег кои постепено ќе престануваат, а попладне се очекува претежно облачно и студено време. Утринските температури од -8 до 0 степен, додека пак максималните дневни од -4 до 4 степени. Во четврток студено утро со пад на утринските температури кои ќе се движат од -12 до -4 степени. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и студено време со максимални температури кои ќе се движат од -5 до 3 степени. Падот на утринските температури ќе продолжи и во петок кога ќе се спуштат од -15 до -7 степени, односно до сабота од -17 до -9 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со благ пораст на дневните температури кои во петок ќе достигнат до -6 односно до 2 степени, а во сабота од -4 до 4 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот