X
 05.05.2017 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?

Денес е петок, 5 мај 2017 година, 125-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:20, а ќе зајде во 19:39 часот. Денот ќе трае 14 часа и 19 минути. Ова утро во поголем дел од Македонија имаме појава на претежно ведро и посвежо време, со исклучок на источните и северните предели каде што има и појава на локална облачност и магла и повисоки утрински температури.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и топло време иако дневните температури ќе бидат во опаѓање. Попладне во крајните северозападни предели како и во североисточните и источните предели развој на нестабилност која што ќе услови локални врнежи од дожде и грмотевици. Ќе дува доумерен слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 16 односно до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските часови појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен слаб југозападен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 25 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со благо опаѓање на температурите, утринските од 3 до 11 степени, додека пак максималните дневни од 15 до 26 степени. Во недела претпладне претежно сончево со локална облачност, попладне зголемување на облачноста која што донцна попладне и навечер ќе донесе врнежи од дожд кои во источните и југоисточните предели ќе бидат поинтензивни, локално и над 25 литри на метар квадратен. Дневните температури од 17 до 28 степени. Нестабилното време ќе продолжи и во понеделник кога се очекуваат нови врнежи од дожд и дополнителен пад на дневните температури кои ќе се движат во интервал од 12 до 23 степени. Во вторник претежно сончево време со локална облачност, попладне во југозападните, јужните и југоисточните предели со сосема слаби и локални врнежи од дожд и свежо време со температури кои ќе достигнат до 10 односно до 21 степен.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА - Во Скопје во сабота претежно сончево време со појава на локална облачност и дневна температура која што ќе достигне до 24 степени. Во недела и понеделник умерено облачно и нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд и дневна температура која што ќе достигне до 26 односно до 21 степен. Во вторник претежно сончево време со појава на локална облачност, попладне зголемување на облачноста и минимални услови за слаби локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе достигне до 19 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот