X
 24.05.2017 Живот

Десет најдобри дестинации за 2017 година

Популарниот светски туристички водич „Lonely Planet“ ја објави својата традиционална листа на десет најпосакувани европски дестинации.

фото извор: PIXSELL

На првото место се наоѓа главниот град на Хрватска – Загреб. Уличната уметност, австро-унгарските плоштади, космополитски дух и богатата историја, се карактеристиките заради кои овој град е на врвот на листата.

На второто место на листата за 2017 година се наоѓа шведската покраина Готлан, на третото место е шпанската Галиција, четврта е Црна Гора, додека на петтото место е Лидс во Велика Британија. На листата на десет најдобри се наоѓаат и португалскиот регион Алентејо, северна Германија, Молдавија, кипарски Пафос и Ле Хавре во Нормандија.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот