X
 02.06.2017 Живот

Временска прогноза за наредните неколку денови

Денес е петок, 2 јуни 2017 година, 153-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:56, а ќе зајде во 20:00 часот. Денот ќе трае 15 часа и 09 минути.

Врнежите од дожд кои што за вчера ги најавивме ни пристигнаа во вечерните часови, па во поголем дел од ноќта имавме претежно облачно време што ова утро ни носи и повисоки утрински температури. Насекаде во овие утрински часови имаме претежно ведро односно сончево време.

МАКЕДОНИЈА – Денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и топло време. Попладне развој на нестабилност која што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд. Најверојатно без врнежите од дожд ќе останат крајните западни како и во Гевгелиско-Валандовскиот регион. Ќе дува доумерен слаб ветер со променлив правец. Минималните температури од 9 до 18 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Слаб северен ветер. Утринската температура од 15 степени, а максималната дневна до 31 степени. УВ индекс 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во сабота умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици а локално е можна појава на невреме. Максималните температури во опаѓање и ќе се движат од 20 до 30 степени. Во недела во утринските и претпладневните часови претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и температури од 20 до 30 степени. Во понеделник и вторник повеќе сончеви периоди но во попладневните часови повторно се очекува развој на нестабилност која што ќе условува локални врнежи од дожд. Дневните температури ќе бидат во пораст и ќе се движат од 22 до 32 степени, односно од 23 до 33 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот