X
 07.06.2017 Живот

Стивен Хокинг открива за кого ќе го даде гласот на изборите во Велика Британија

Стивен Хокинг кој многумина го сметаат за најпаметен човек на светот, за Cambridge News открива за кого ќе го даде својот глас на изборите во Велика Британија.

стивен
Фото извор: Guardian Liberty Voice


„Ќе гласам за Лабуристите затоа што додатни 5 години на конзервативна влада би значело катастрофа за државното здравство, полиција и останати јавни служби“, изјавил тој.

Славниот научник неодамна за лабуристичкиот лидер Џереми Корбин изјави:

„Мислам дека Корбин е катастрофа. Има добри намери и правилни идеи, но дозволи да се прикажува како левичарски екстремист.“

Хокинг навел дека на досегашните избори во главно давал потполна поддршка на лабуристите. Локалниот кандидат Даниел Цајхнер изјавил:

„Воодушевен сум што повторно го сретнав професорот Хокинг и ја примив неговата поддршка“.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот