X
 09.06.2017 Живот

Викенд временска прогноза: Во Македонија денес имаме стабилизација на времето

Денес е петок, 9 јуни 2017 година, 160-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:10 часот. Денот ќе трае 15 часа и 17 минути.

Како што ви најавивме денес денот го започнуваме со ведро но и посвежо време со температури кои што се под повеќегодишниот просек за овој период од годината.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес имаме стабилизација на времето. По свежото утро со утрински температури од 6 до 15 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 19 до 29 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево и топло време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени,  а дневната ќе достигне до 26 степени. УВ индексот ќе има вредност 8.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА -  Во  сабота денот ќе го започнеме со уште едно свежо утро со утрински температури од 5 до 14 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло време со дневна температура од 23 до 33 степени. Во недела претежно сончево со локална облачност и топло време со дневни температури кои што ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 18 до 28 степени. Попладне развој на нестабилност која што ќе донесе локални врнежи од дожд. Во понеделник и вторник сончево и топло време. Минималните температури од 5 до 14 односно од 6 до 15 степени, а максималните од 19 до 29 односно до 25 до 34 степени.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот