X
 03.07.2017 Образование

Појаснување за уписите во средно

Оценките од досегашните екстерни тестирања се земаат предвид зашто веќе се пресметани во средниот успех во свидетелствата



Поради одредени недоразбирања кои ги предизвика текстот за бодувањето при уписите во средните училишта, би сакале да појасниме: нема да се земаат предвид оценките од последната година, бидејќи иако учениците од деветто одделение го полагаа испитот, Министерството за образование и наука одлучи тие да не влезат во бодувањето. Сепак, оценките од екстерното од претходните години се веќе внесени во свидетелствата и се земаат предвид. При годинашните уписи во средните училишта се бодува средниот успех постигнат од шесто од осмо одделение, во кој се влезени и оценките од досегашните екстерни тестирања. За деветто одделение се зема само постигнатиот успех во текот на целата година со оглед на тоа дека годинава немаше екстерно тестирање. Ова е објаснувањето од Министерството за образование и наука (МОН) по уписите во првиот јунски рок, во кој многу граѓани реагираа дека средните училишта ги земаат предвид и оценките од екстерните тестирања во изминатите години иако ова тестирање веќе е укинато.

Имено, во известувањето објавено на страницата на МОН, во критериумите за избор пишува дека нема да се земе предвид средниот успех од резултатите од екстерното проверување на постигнувањата на учениците, но тоа важи само за деветто одделение. Успехот од екстерното тестирање од минатите години веќе е внесен во свидетелствата и е пресметан како среден успех. Она што МОН го смени во последен момент се поените од поведението. Иако првично им најави на средните училишта дека поведението ќе се бодува со максимум 2 поени, ден пред уписите одлучи поведението да носи максимум 5 поени, со што учениците при запишувањето можат да имаат максимални 80 поени, наместо 77 како што беше објавено во изменетиот конкурс.

Успехот од шесто до деветто одделение носи максимум 50 поени, четирите предложени наставни предмети носат најмногу 20 поени (по 5 за секој предмет), додека од освоените дипломи од натпревари максимално може да има 5 поени. Од поведението ученикот најмногу може да добие 5 поени. Сѐ вкупно изнесува максимални 80 поени.
Подготвил: Д.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование