X
 13.07.2017 Култура

Случајно откриен доста важен детал од седмата сезона на „Игра на троновите“

трон

**Внимание: Статијата содржи спојлери!

Додека Ејч-би-о внимаваше во текот на трејлерите и тизерите да не открие ништо во врска со средбата меѓу Џон Сноу и Денерис Таргариен, и не кажуваше дали ваквата средба воопшто ќе се реализира, на дизајнерката на костимите за серијата, во едно интервју, додека дискутираше за костимите што ги носи кралот на Северот, случајно ѝ се испушти.

„Имаше моменти кога му ја отстранувавме наметката бидејќи сакавме да изгледа поранливо. Особено кога ја виде Дени, и кога првпат отиде кај неа“, рече дизајнерката Мишел Клептон.

„Но, кога отиде кај Серсеј, ние повторно му ја ставивме“, изјави Мишел, откривајќи уште еден спојлер за новата сезона.

Почетокот на седмата сезона на „Игра на троновите“ е закажан за 17 јули.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура