X
 19.07.2017 Образование

Србија напредува на шангајското рангирање и според научните области, Македонија ја нема никаде

Пред објавувањето на официјалната Шангајска листа, оваа институција годинава објави и листа со најдобро пласирани образовни институции одделно според научните области. Годинава дури четири универзитети од Србија се најдоа на оваа листа, а очекувано нема ниту еден од Македонија. Во сите области се пласираа и универзитетите во Загреб и во Љубљана, но Србија има најголем скок и резултати.



Универзитетите од Ниш, Крагуевац, Нови Сад и Белград се најдоа на Шангајската листа во областа математика. Од 52 дисциплини, Србија е високо пласирана во 18. Најдобро пласирани научни области, покрај храна и технологија, која е на 35. место, се и металургија, физика, хемиско инженерство, фармација и стоматологија.
Универзитетите се најдоа на оваа листа благодарение на продуктивните истражувања, квалитетот на истражувањата, степенот на меѓународната соработка, највисоките академски признанија, цитираност на авторите, како и објава на научни трудови во меѓународни списанија.

Официјалната Шангајска листа се очекува да биде објавена кон средината на август.
Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование