X
 09.10.2017 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во наредниот период?

Денес е понеделник, 9 октомври 2017 година, 282-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:33, а ќе зајде во 18:07 часот. Денот ќе трае 11 часа и 34 минути.

Новата седмица ја започнуваме со студено утро со невообичаени утрински температури за овој период од годината. Во Македонија преовладува претежно ведро и студено време, а во североисточните предели имеме појава на локална облачност.

МАКЕДОНИЈА – Во понеделник по студеното утро со утрински температури кои што ќе бидат под повеќегодишниот просек за овој период од годината и ќе се движат од -1 до 9 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево, ветровито и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат од 12 до 21 степени. Ќе дува доумерен слаб северозападен и североисточен ветер.

СКОПЈЕ - Во Скопје по студеното утро со утринска температура од 7 степени, во текот на денот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневната температура која што ќе достигне до 19 степени. Ќе дува доумерен северен ветер.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник и среда уште едно подпросечно студено утро со утрински температури од 0 до 11 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со максимални температури кои што ќе се движат од 14 до 23 односно од 15 до 24 степени. Во четврток претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време со дневни температури од 16 до 25 степени. Во петок сончево и потопло време со благ пораст на температурите, минималните од 2 до 13 степени, додека пак максималните од 16 до 25 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот