X
 12.10.2017 Уметност

Поминал 9 години фотографирајќи ги истите луѓе на пат до работа - еве ги резултатите

fotografii
Фото: Peter Funch

Секојдневните обврски, без разлика дали ги сакаме или не, се неизбежен дел од нашите животи. Данскиот фотограф Питер Фанч поминал скоро 10 години стациониран близу Гранд централната станица фотографирајќи ги утринските патници што брзале кон нивното работно место.

Импресивниот каталог на фотографии што сега ја сочинуваат последната книга на Фунч се протега од 2007 до 2016 година, а секоја од нив била направена помеѓу 8.30 и 9.30 часот. Во текот на процесот на уредување Фунч сфатил дека со стоењето до истото место и истото време секој ден создал неверојатен ефект - тој успеал да ги фотографира истите луѓе 2 или 3 пати, понекогаш после неколку години. „Можеби е тешко да се поверува, но истите луѓе го имаат истиот ритуал во период од 10 години“, вели тој.

Во продолжение погледнете ги неговите фотографии.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност