X
 24.10.2017 Живот

Моќта на интровертите - Зошто треба да се почитуваат нивните таленти и способности?

Нашата култура подразбира постојано и гласно споделување, зборување, транспорт на информации во текот на 24 часа, мислења и забава. Дури и луѓето што сакаат да читаат сами, во тишина, потклекнуваат на притисокот на социјалните медиуми. За интровертите, одржувањето на ваквата фасада може да биде исцрпувачко, а авторката Сузан Кејн вели дека проблемот не е само личен, бидејќи социјалните медиуми и константното присуство во онлајн-светот навлегуваат во секоја сфера од нашите животи.

фото извор: Introvert's Circle

Ако една група на луѓе одржи состанок и најхаризматичната и најгласната личност во групата го даде своето мислење – групата ќе го следи токму тоа мислење, смета Кејн. Но, тоа не значи дека оној што е најгласен ја има најдобрата идеја, додава таа. Кејн има напишано книга токму за лидерството кај интровертите, групата која најмалку ги исполнува барањата од социјалната средина. Сепак, таа смета дека ни се потребни интроверти како лидери бидејќи живееме во свет на премногу екстровертни луѓе, па тоа го споредува со феноменот на корпоративен капитализам, кој ги надминува претежно агрикултурните начини на живот. Кејн го воведува аргументот за општество во кое еднакво ќе се вреднуваат различни карактерни типови.

Но, можно ли е да постои свет во кој има „јин и јанг“ помеѓу интровертите и ектровертите? Кејн не е психолог, но е поранешен корпоративен адвокат, па смета дека е можно да има баланс во корпоративниот свет помеѓу овие два карактерни типа. Има одржано и еден од познатите „TED talk“ каде што ја отвора оваа тема. Интровертите обично сметаат дека нивната карактеристика за осамување е комбинација од разочарување и патологија. Интровертите мораат да пливаат во спротивен правец на плимата за да бидат свои. Повеќето од училиштата и работните места се дизајнирани за екстровертите и нивната потреба за стимулација, вели Кејн.

Таа истакнува дека интровертите ни се потребни за да го извршуваат она што најдобро го знаат, а тоа е внесување креативност во лидерството. Креативноста и трудот се нивни вродени карактеристики, а сепак не сакаат да бидат во центарот на вниманието, што значи дека можеби во сенка, но работата ќе биде завршена. 

Интровертните лидери повеќе сакаат да ја споделуваат моќта и да им дадат на другите простор за да ги изразат своите идеи, смета Кејн. Ганди, Еленор Рузвелт, Роза Паркс се пример за такво лидерство, а потивката, балансирана и внимателна култура може да произведе повеќе лидери како нив, додава Кејн.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот