X
 24.11.2017 Живот

Со РЕХАУ ќе заборавите на прозорците што дуваат од сите страни

Се сеќавате ли на времето кога имаше само дрвени прозорци, кои со текот на годините „ дуваа “ од сите страни . Како редовното оружје против дувањето се користеа старите весници и крпи. Времињата се сменија и прозорците со нив . Така старите се менуваат со нови ПВЦ прозорци кои дихтуваат и не дозволуваат провев.



Но, што ако се случи повторно да дува низ прозорецот, кои се причините. Одговор на ова прашања побаравме од г-дин Сашко Даев генерален менаџер на РЕХАУ за Македонија Косово и Албанија:
„Причини има неколку, радува што прозорците на РЕХАУ се создадени според највиска технологија и немаме такви проблеми, но откривањето на истите би ја насочил во неколку групи. Измесутвање на дихтунгот, негово кинење или едноставно недостаток на таков дихтунг. Тоа се всушност меките ленти кои го пополнуваат просторот меѓу крилото и рамката. Најчесто нивното изместување или нивна несоодветна должина се должи на неправилна монтажа. Има и случаи каде што овој дихтунг е оштетен од страна на корисникот или застарен.



"Паѓање" на прозорецот може да е причина за "дување" при затворен прозорец. Понекогаш "крилото" неосетно се намалува, поради што потешко се затвора. Причината е во одвојување на шарките кои го "носат". Проблемот најчесто е погрешна монтажа, при што не е добро проценето колку и какви носечки елементи треба да се постават за соодветното крило. Монтирани се малку или слаби "шарки", кои не го издржуваат товарот.



Оштетени механизми кои предизвикуваат тешкотии со отворање и затворање на прозорецот, исто така, може да се причина да дува од прозорецот. Деформација на крилото е исто така можна причина да дува од прозорецот, особено во ветровито време. Во таков случај, најверојатно станува збор за неквалитетен материјал или неквалитетна изработка на самото крило - во ПВЦ материјалот не е вметнато челично засилување. Засилување претставува збир од метални профили, вградени во ПВЦ профилите кои помагаат да се задржи правилната форма и покрај деформациите кои настануваат поради промените на температурите. Во овој случај крилото треба целосно да се замени со ново бидејќи е направено трајно оштетување. Новото крило или можеби целосно новиот прозорец треба да има соодветно засилување и шарки кои можат да ја издржат неговата тежина. Шуплините околу рамката исто така може да предизвикаат дување од прозорците - но во овој случај дувањето не доаѓа од процепот меѓу крилото и рамката, туку од фугата меѓу рамката и ѕидот. Тоа е малку простор што вообичаено при монтажата се исполнува со монтажна пена и се облепува со изолациски ленти од сите страни. Улогата на овие ленти е да го "поврзе" ѕидот со прозорецот и да се спречи навлегување на воздух и влага. Често пати, вакви ленти воопшто не се користат. Така, корисникот останува со непредвиден простор кој се наоѓа помеѓу рамката на прозорецот и ѕидот. При малтерисување (познато како "опшивање" на прозорците) овој проблем не се решава, туку само се маскира. Со навлегување на влага во овој простор се предизвикува негово зголемување. За да се реши проблемот со шуплините околу прозорецот низ кои што влегува влага и ветар треба да се изврши целосна повторна монтажа на прозорецот. Треба да се извади рамката на прозорот, за да се потполнат шуплините а од надвор да се постават изолациски ленти. На крај се поставува гипс, боја и слично“.

Овие корисни совети можат да послужат за правилно откривање и отстранување на проблемите со провевот од прозорците кој знаат да биде навистина непријатни во овој период од годината кога температутите се спуштаат неколку степени под нулата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот