X
 25.12.2017 Култура

Нови трејлери за оваа недела: „Ocean's 8“, „Sicario 2“ и многу други

Погледнете ги најновите трејлери за оваа недела.

„Ocean's 8“



Првиот трејлер за спиноф-филмот од „Единаесеттемина на Оушн“, во кој тимот беше составен само од мажи, покажува дека тимот од најновиот филм се содржи само од жени, вклучувајќи ги Сандра Булок, Кејт Бланшет, Ен Хатевеј, Минди Калинг, Хелена Бонхам Картер и Ријана.

„Sicario 2: Solado“



Со оглед на тоа што главниот лик од првиот филм не се појавува во ова продолжение, гледачите се малку скептични, меѓутоа, трејлерот ветува доста акција.

„Disney's The Nutcracker and the Four Realms“



Снимката во трејлерот е навистина прекрасна, со одличен стил исполнет со силни бои, а на некои места се чини како филмот да е прилично темен.

„Mortal Engines“



Филмот е продуциран од Питер Џексон, а се работи за големи возила со градови на нив што се борат едни со други во дистописка пуста земја.

„Half Magic“



Ова е прв филм снимен и режиран од Хедер Грахам. Се чини дека ќе биде силна и саркастична комедија што се фокусира на жени кои се обидуваат да избегнат себични мажи.

„Mamma Mia! Here We Go Again“




Продолжение на мјузиклот во кој глумеа Мерил Стрип, Колин Фирт и Пирс Броснас. Продолжението се враќа назад во времето и оди напред во иднината со цел да ги истражува минатото и иднината на ликовите од оригиналниот мјузикл.

„Mary and The Witch's Flower“



Ова е првиот филм на новото студио „Понок“. Трејлерот ветува возбудлива приказна со прекрасни бои.

„A Futile and Stupid Gesture“




Дејвид Вејн успеа да собере голема група на комичари за филм што раскажува за голема група на комичари.

„The China Hustle




Трејлерот на овој филм открива уште една масивна измама од Вол стрит.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура