X
 10.01.2018 Живот

Објавена е најнова ранг листа на најмоќни и најлоши пасоши на светот, еве каде се наоѓа Македонија!

pasos

Според Henley Passport Index (HPI), најмоќен пасош на светот е –германскиот. Имено, сопствениците на германски пасоши можат да патуваат во најмногу земји од светот без да извадат визи – дури во 177.

Второто место му припадна на сингапурскиот пасош, чии сопственици можат без визи да патуваат во 176 земји, додека третото место го делат дури осум држави – Данска, Финска, Франција, Италија, Јапонија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.

На четвртото место се Австрија, Белгија, Луксембург, Холандија, Швајцарија и Шпанија, чии државјани без визи можат да патуваат во 174 земји.

Хрватскиот пасош е најслаб од сите земји-членки на ЕУ, според бројот на земји каде што сопствениците можат да патуваат без виза – според HPI, со хрватски пасош може да се посетат 155 земји без виза.
На дното на листата на HPI се Пакистан, Сирија, Ирак и Авганистан чии државјани можат да патуваат само во 30 земји без да извадат виза.

Кога станува збор за земјите од нашиот регион, најдобро котира Словенија, која се наоѓа на 11 место, со 167 земји кои нејзините државјани можат да ги посетат без виза.

Хрватска е на 21 место, Србија на 41, Црна Гора на 48, Албанија на 52,  а Косово на 96 место на листата.

Македонскиот пасош на оваа листа го зазема 46 место во светот и може без виза да патува во 112 земји.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот