X
 17.01.2018 Образование

Ѓорге Иванов нема да го потпише указот на Законот за јазици

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов одлучи да не го потпише указот на Законот за јазици и дека образложението го доставил до Собранието. Иванов ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.



„Донесуваме неправеден закон со кој се фаворизира албанскиот јазик. Затоа, поради противуставноста на овој закон донесов одлука да не го потпишувам указот за Законот за употребата на јазицијте. Го информирав Собранието дека нема да го потпишам овој закон и поднесов забелешки за истиот. Ги повикувам пратениците да ги разгледаат забелешките.“

Претсседателот испратил писмо до Собранието во кое има детално образложение и ги повика пратениците внимателно да ги разгледаат неговите забелешки.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование