X
 22.02.2018 Образование

Бил Гејтс: „Образованието има најголемо влијание врз иднината на поединецот и на општеството“


Бил Гејтс
(Фото: Pixabay)


Од низа различни фактори, образованието има најголемо влијание врз нашата иднина, рекол Бил Гејтс по објавата дека учителка од Лондон влегла во потесниот круг во натпреварот за „Global teacher prize“.

Андрија Зафираку, која работи во училиштето „Alperton Community“ во Брент, во северозападен Лондон, влегла во финалните 10 кандидати за четвртата по ред „Global teacher prize“ што ја доделува фондацијата „Варки“, со што се оддава признание за извонреден придонес на поединецот во професијата.

Во видеопораката во која им оддава признание на финалистите Гејтс изјавил: „Ако размислите за она што поттикнува напредок и благосостојба во светот, ќе сфатите дека образованието има најголемо влијание врз иднината на поединецот и на општеството“.



А истражувањата покажале дека добриот наставник може да биде најважен фактор кој одредува дали учениците ќе имаат одлично образование.

Исто така, Гејтс рекол: „Еднакво важно е што овие наставници се водичи кои воведуваат иновации во училницата и им се ментори на своите колеги. Покажале дека ваков вид соработка помеѓу наставникот и училиштето на сите ученици може да им даде шанса да стекнат одлично образование“.

Финалистите се избрани меѓу 30.000 пријави од 173 земји, па од потесен избор од 50 кандидати. Наградата ќе биде претставена на церемонијата во Дубаи, на 18 март 2018 година, во рамките на манифестацијата „Global education and skills forum“, а победникот ќе освои милион долари.

Наградата ја доделува фондацијата „Варки“ за иновативните и грижливи наставници кои ги инспирираат учениците и целата заедница. Паричниот дел од наградата се исплаќа на рати и од победникот бара да остане во оваа професија уште најмалку пет години.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование