X
 09.04.2018 Култура

Тајни библиотеки чувани со векови конечно откриени за јавноста

1
Фото: Thinkstock

Скриените библиотеки во текот на минатиот век почнале полека да го пронаоѓаат патот до јавноста. Ова се најпознатите.

1. Библиотека во пештера, Кина


На крајот на пустината Гоби во Кина, дел од мрежата на пештерски светилишта во Дунхуанг, наречени Илјада пештери на Буда, бил запечатен илјада години.

Таоистичкиот монах Ванг Јуанлу, неофицијалниот чувар на пештерата, открил врата што водела до комора исполнета со ракописи создадени помеѓу 4 и 11 век.

Локалните власти не покажале интерес за документите, но останатиот дел од светот се заинтересирал. Унгарскиот истражувач Аурел Стајн откупил 10.000 ракописи, а дел од ракописите зеле и делегацијата на Франција, Русија и на Јапонија, а потоа кинеската влада наредила останатиот дел од документите да се однесат во Пекинг.

Благодарение на иницијативата на британската библиотека, во 1994 година почнала дигитализација на колекцијата.

Никој не знае зошто пештерата била запечатена. Експертите сметаат дека можна причина за тоа било чувањето на ракописите што повеќе не се користеле, а биле важни за се фрлат. Друга теорија вели дека сакале да ги зачуваат од можна инвазија.

Нивното откритие ја променило историјата. Имено, еден од документите е најстарата печатена книга во светот, а датира од 868 година и не потекнува од Европа.

2. Ватиканските тајни документи

2
Фото: Thinkstock


Локацијата на можеби најпознатата тајна библиотека во светот била позната од нејзиното основање, 1612 година. Зборот „тајна“ потекнува од нејзиното латинско име „секретум“, што значи приватно.

Овие архиви ја содржат кореспонденцијата на папата во последните години, а според голем број теоретичари на заговор, таа вклучува и череп од вонземјанин, доказ за крвната линија на Исус, но и машината Хроновизор, создадена од еден бенедиктински свештеник, за да се врати во времето и да го сними распнувањето на Исус.

Токму поради ваквите приказни, полека почнало отворањето на архивата во јавност, но на почеток биле организирани само изложби на одредени документи и ограничени посети во деловите на архивот.

Сепак, влезот и понатаму е забранет, а таинственоста станува поинтересна со тоа што архивот е сместен во бетонски бункер, чиј дел се наоѓа зад базиликата „Свети Петар“, а го чуваат швајцарски војници и ватиканска полиција.

Меѓу најинтересните документи во архивите се допишувањето на папата со Моцарт, Еразмус, Волтер, па дури и Хитлер. Тука се и декретот за екскомуникацијата на Мартин Лутер, рачно напишан транскрипт за судењето на Галилео за ерес и писмото на Микеланџело во кое познатиот уметник се жали дека неговата работа во Сикстинската капела не му била платена.

3. Каирска Гениза


Овие записи не ги чува вооружена стража, туку вековите на заборавот.

Околу 280.000 фрагменти од еврејски записи биле пронајдени во ѕидовите на синагогата Бен Езра, а станале познати како „Каирска Гениза“.

Зачувани се бидејќи, според еврејски закони, ниту еден запис што го споменува Бог не смее да се фрли.

Фрагментите се особено важни бидејќи откриваат како еврејските трговци на Блискиот Исток и на Медитеранот соработувале со христијаните и муслиманите, а антисемитизмот не бил толку распространет како што претходно се мислело.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура