X
 18.04.2021 Забава

За страсните обожаватели, „Ербиенби“ нуди апартман инспириран од серијата „Пријатели“

Помина повеќе од една деценија откако серијата „Пријатели“ заврши, но и понатаму е мегапопуларна.

Од серијата, која траеше од 1994 до 2004 година, произлегоа познати цитати, фризури и огромни дебати и дискусии за тоа дали Рос и Рејчел беа на пауза.

Сега страсните обожаватели можат да престојуваат во апартман ист како тој на Моника во серијата.

2

Во апартманот наречен „Оној со тема од Централ перк П.Р.И.Ј.А.Т.Е.Л.И“ (Тhe One With The Central Perk F.R.I.E.N.D.S. Theme), гостите можат да се релаксираат во дневната соба која личи на познатото кафуле „Централ перк“ со огромен жолт кауч, ѕид од тули и големи шолји за кафе.

1

Апартманот е со виолетова влезна врата. Во него се и познатите реквизити и предмети од серијата, како и копија од „Сјаење“ во фрижидерот, ТВ-упатство за Мис Шанандлер Бонг и гитара со лепенка со јастог, ако сакате да допрете до Фиби.

Исто така, можете да се забавувате со столното фудбалче што Чендлер и Џои го купија во првата сезона за да ја заменат нивната кујнска маса откако се скрши.

Во апартманот има фотографии од актерската екипа: Метју Пери (Чендлер), Дејвид Швимер (Рос Гелер ), Џенифер Анистон (Рејчел Грин), Џои Трибијани (Мет Лебланк), Кортни Кокс (Моника Гелер) и Лиза Кудроу (Фиби Буфе). Има и огромен постер од нив над креветот, кој доаѓа со кадифеното пингвинче Хагзи.

Бањата му оддава почит на Чендлер, со една од неговите релаксирачки бањи со Моника испечатена на завесата.

3

- За обожавателите, ова е нов начин да истражуваат. Овој апартман постави сцени и интерактивни моменти. Предизвикајте се себеси да откриете што повеќе скриени реквизити што само вистинските обожаватели на „Пријатели“ навистина ќе ги ценат - пишува во описот на апартманот.

Апартманот нуди сместување за двајца и чини 383 долари за една ноќ, а се наоѓа во Лос Анџелес, близу Родео Драјв во Беверли Хилс.

Токму таму беше снимено долгоочекуваното обединување на екипата на „Пријатели“ на почетокот од овој месец, кој треба да се емитува на Ејч-би-о макс.



Извор: Newsweek.com
Фотографии: Airbnb
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава