X
 18.06.2023 Живот

Луѓето во овој европски град се прогласени за најљубезни

При изборот каде да патувате, љубезноста на локалното население е дефинитивно важна бидејќи не сакате да завршите некаде каде што се чувствувате непожелни. Дури и дестинација со најголеми атракции може да ви остави лош впечаток ако на крајот се чувствувате несигурно.

За среќа, има огромен број градови во кои нема да се чувствувате така. Иако љубезноста може тешко да се измери, компанијата за складирање багаж „Баунс“ се впушти во овој подвиг. Истражувањето направено од „Баунс“ ги рангира градовите во Европа земајќи предвид низа фактори - стапката на криминал, среќата и многу други фактори.

Совршена оцена

На крајот, градот од земјата на часовниците, банките и сирењето се најде на врвот - Цирих.

Градот заработи совршена оцена за прифаќање на ЛГБТК+ членовите, како и висока оцена за среќа и ниска оцена за криминал, а според дадените критериуми, се покажа како најпријателската дестинација во Европа.

И покрај тоа, не се смета за омилена дестинација меѓу туристите и лесно е да се види зошто. Единицата за економско разузнавање (EIU) во своето последно истражување за трошоците на животот, кое ги следи цените над 200 долари и услугите во 172 града низ светот, го стави Цирих на 6. место на листата со најскапи градови во светот. Цирих е и првиот европски град на таа листа (во топ-5 се Сингапур, Њујорк, Тел Авив, Хонгконг и Лос Анџелес).

Сребрен медал


Инаку, во однос на учтивоста, „сребрениот медал“ го освои Копенхаген благодарение на нивото на среќа и прифатеноста на ЛГБТК+ популацијата, додека трет е Минхен, кој има исклучително ниска стапка на криминал.

Во првите 10 града според ова истражување се и Амстердам, Виена, Стокхолм, Берлин, Прага, Единбург и Даблин.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот