X
 18.09.2023 Култура

Нова психолошка серија на „Нетфликс“ ја освои публиката

Новата серија на „Нетфликс“ под наслов „Драго дете“ (Dear child) ги освои корисниците на платформата и доби многу позитивни критики за само неколку дена од објавувањето, а гледачите се воодушевени од овој психолошки трилер. „Драго дете“ е базирана на истоимениот бестселер, чиј оригинален наслов на германски е „Liebes kind“.

Приказната започнува кога автомобил удира непозната жена во шумата. Несреќата ја остава во критична состојба и не може да комуницира, па лекарите ѝ поставуваат многу прашања на мистериозната девојка што ја следела. Лекарите се обидуваат да ја идентификуваат жената и истражуваат дали чудното дете со кое била ја кажува вистината, па наскоро сфаќаат дека двојката можеби е поврзана со случај со исчезнати лица од пред 13 години.

Во реакции на социјалните мрежи, гледачите ја пофалија серијата, коментирајќи дека веднаш ве плени и прави да не можете да престанете да ја гледате. „Драго дете“ е германска продукција и повеќето ѕвезди од серијата потекнуваат од оваа земја.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура