X
 18.10.2016 Култура

Најсреќниот човек на светот открива - Споредувањето е убиец на среќата

Мозокот на Метју Рикард работи на начин, што досега не е забележан од страна на научниците

Метју Рикард е тибетски будистички монах, за кој се вели дека е најсреќниот човек во светот. Меѓутоа и тој има свои мрачни денови. Седумдесетгодишниот Метји доби назив за најсреќниот човек во светот, откако учествувал во дванаесетгодишна студија за медитација и сочувство на Универзитетот во Висконсин.

Но, Рикард, кој всушност е Французин и живее хранејќи се со будизам во Непал, изјавил дека титулата ја смета за апсурдна.

„Познавам и посреќни монаси. Тоа е апсурдно"- рекол Рикард, кој понекогаш може да медитира со денови.

Со оглед на тоа дека не му се допаднало вниманието што го добил по објавувањето на студијата, Рикард побарал дозвола од Далај Лама да се повлече, кој како одговор му рекол дека на светот му е потребно неговото водство.

„Ако сакаат да бидеш најсреќниот човек, тогаш биди најсреќниот човек"- го советувал Далај Лама, пренесува Independent.

А како Рикард станал најсреќниот човек на светот?

Неврологот Ричард Дејвидсон на монах му прикачил 256 сензори, додека тој медитирал и размислувал за сочувство и открил дека неговиот мозок произведува ниво на гама бранови, кои се одговорни за свесност, внимание, учење и меморија, досега незабележано во научната литература.

„Наодите исто така, покажаа зголемена активност во левиот префронтален кортекс, за разлика од десниот, со што се овозможува премногу голем капацитет за среќа и намалување на склоноста за негативност", вели Дејвидсон.

Кога го прашале како и другите може да постигнат толкаво ниво на среќа, Рикард, одговорил дека добрата волја и алтруизмот се клучни. Исто така помага и обучување на мозокот на начин што на секои 15 минути на ден би размислувале за среќни работи.

И науката се согласува со тоа, истакнал Дејвидсон, додавајќи дека студијата покажала дека дваесет минути медитација помага да се чувствуваме среќни.

Сепак, Рикард открил што е убиец на среќата. „Споредувањето е убиец на среќата"-споделил најсреќниот човек на светот.


SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура