X
 19.08.2023 Уметност

Старите автомати за цигари низ Европа сега нудат уметност

Дали знаевте дека можете да купите уметност од автомати? Барем во некои европски градови, како Прага, Брно, Париз и Тбилиси.

Станува збор за креативната иницијати, наречена „Артмет“ (Artmat), која започна во 2019 година во Чешка, поточно во главниот град Прага. Машините што се користат за оваа намена се постари автомати за цигари, кои се пренаменети, но не премногу. Купениот производ сè уште доаѓа во мали кутии кои наликуваат на кутии цигари.



Проектот е замисла на уметничките куратори Јозефина Фрибова и Петра Виџова. Нивната цел била да ја приближат уметноста со поголемата јавност и да ги промовираат младите уметници со тоа што ќе им помогне да ги продаваат своите дела на поинаков вид на пазар. Во оваа смисла, автоматите се демократизирани и достапни.

Делата вклучуваат цртежи, литографија, па дури и скулптури. Купувачите можат да ја видат содржината на секој уметнички автомат на веб-страницата на проектот. На тој начин ќе знаат какви работи можат да очекуваат од автоматот. Содржината на автоматите постојано се обновува, цената за една кутија е околу 2 евра, додека за скулптура е 4 евра.

Извор: Pametni gradovi
Насловна фотографија: Artmat
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност