X
 19.11.2018 Образование

Студирајте со стипендија на AUBG

(Регистрирајте се за бесплатниот институционален TOEFL тест со аплицирање до 31 декември 2018) 

Вистински момент е да започнете со подготовка на Вашата апликација за прием на Американскиот Универзитет во Буарија каде ќе се здобиете со висококвалитетно образование по американски (liberal art) образовен систем.

Аплицирајте и добијте стипендија за студирање на најдобриот универзитет во нашиот регион и пошироко. Стекнете се со акредитирана американска и европска диплома признаена во целиот свет и студирајте две насоки истовремено (majors & minors), во меѓународна средина со студенти од над 40 различни земји и професори од целиот свет. Сместувањето е во модерен и опремен кампус во чии што склоп има и над 40 различни студентски клубови и организации од различни области, кои што ќе го збогатат целосно Вашето студентско искуство.

Информирајте се повеќе за успехот на нашите алумни, можностите за размена и летните програми кои АУБГ ги нуди.

ВАЖНО- Со поднесување на вашата целосна апликација до 31 декември 2018 година, може да се регистрирате за бесплатниот институционален TOEFL кој АУБГ го обезбедува за своите идни студенти. Истиот ќе се оддржи во Скопје, во Јануари 2019.

За повеќе информации контактирајте не на admissions@aubg.edu, на телефонскиот број- 077 849 321 или посетете ја официјалната веб страна на Универзитетот.

Сите заинтересирани студенти, родители, професори можат да го посетат Универзитетот на Отворените денови кои ќе се одржат на 17 ноември 2018 и 09 февруари 2019 (регистрација на овој линк), а исто така ќе имаат можност и да присуствуваат на алумни настанот кој ќе се оддржи на 6ти декември 2018 во Скопје на кој ќе присуствуваат Деканот на Универзитетот Проф. Др. Стивен Суливан, како и поранешниот Претседател на Бугарија Г-н Росен Плевнелиев, (регистрација за настанот на овој линк)

За повеќе информации и регистрација на гореспоменатите настани на Универзитетот организирани во Македонија јавете се на контакт телефон 077 849 321 или контактирајте не на емаил адресата aubgmk@gmail.com

AUBG will teach you how to think, not what to think!

(комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование