X
 20.03.2022 Здравје

Ова се земјите со најдобро и најлошо ментално здравје

Непрофитната организација „Сапиен лабс“ ја спроведе најголемата анкета за менталното здравје во светот, а сега ги имаме и резултатите.

Анкетата била спроведена на 223.000 луѓе во 34 земји минатата година. Оцените од анкетата се движат од -100 до 200, со тоа што позитивните оцени претставуваат „нормално“ функционирање, а негативните ја покажуваат можноста за клиничко ментално нарушување.

Врз основа на одговорите на испитаниците биле пресметани просечни оцени за земјите што биле вклучени во анализата. Најниската национална оцена ја има Јужноафриканската Република - 46, а највисоката Венецуела - 91.

Други држави со ниски оцени се Обединетото Кралство, Австралија, Ирска, Индија, Нов Зеланд, Канада и САД. Од друга страна, најдобри оцени имаат земји од Латинска Америка, Шпанија и неколку франкофонски земји од Европа и Африка.


Фото: Freepik

Била откриена и врската помеѓу економскиот развој и менталното здравје, така што високиот бруто-домашен производ (БДП) по глава на жител бил поврзан со пониските оцени за менталното здравје. Ова значи цека националниот економски просперитет не ги зголемува шансите за општествена благосостојба.

Аналитичарите забележале и дека државите што им даваат приоритет на кариерата и индивидуалноста имаат пониски оцени за менталното здравје. Во сите земји високото образование и вработеноста биле поврзани со високите оцени за менталното здравје.

Извор: Insider
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје