X
 20.06.2018 Образование

Позитивни УКЛО искуства - Доц. д-р Ангелина Станојоска и нејзиниот престој на Институтот „Макс Планк“

Доц. д-р Ангелина Станојоска од Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола во период од еден месец престојуваше на Институтот за надворешно и меѓународно кривично право „Макс Планк“, Оддел за криминологија, во Фрајбург, Федеративна Република Германија. Д-р Станојоска престојуваше како стипендист за постдокторски истражувачки престој, работејќи на истражување за криминалитетот на жените.

1

„Макс Планк сосајети“ е најуспешната непрофитна организација за научни истражувања и од нејзиното формирање во 1948 година до денес оттаму произлегле 18 нобелови лауреати. На годишно ниво од нивните истражувања се објавуваат повеќе од 15.000 публикации во реномирани меѓународни списанија, додека голем дел од нив се и меѓу најцитираните во својата научна област. Успехот на „Макс Планк сосајети“ се должи на слободата што им е дадена на научните истражувачи кои сами го избираат своето истражување и неговите цели, но ги добиваат најдобрите услови за работа. Во моментов „Макс Планк сосајети“ брои 84 институти и институции кои извршуваат научни истражувања во областа на природните, општествените и хуманистичките науки. Областите на истражување се фокусираат на иновативни теми, чие истражување и резултати би биле во корист на генералната популација.

Престојот на „Макс Планк институтот“ во Фрајбург претставува одлична можност за секој истражувач од областа на криминологијата и казненото право, пред сѐ поради фактот што нивниот библиотечен фонд во моментов брои 477.000 наслови, од кои една третина се од областа на криминологијата. Исто така, важен е и квалитетот на нивниот кадар и насоките што секој guest researcher ги добива во однос на своето истражување, како и големиот број гостувачки предавања на познати светски професори од областа. Во однос на моето истражување, престојот на „Макс Планк“ претставува важен сегмент од целокупниот план за истражувањето на криминалното однесување кај жените на кое работам, и кое сѐ уште претставува неистражувана криминолошка област во нашата земја, но се разбира „Макс Планк“ ќе остави и своја трага во моето оформување како научен работник и истражувач“, рече д-р Станојоска.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование