X
 21.05.2023 Здравје

Луѓето со оваа крвна група се најдолговечни

Крвната група влијае врз целокупното здравје, а се чини дека една е убедливо најотпорна на болести. Станува збор за крвната група 0, која е позната како нулта. Лицата што ја имаат оваа крвна група се најдолговечни.

Било докажано дека кај луѓето со оваа крвна група има помал ризик од заболување од кардиоваскуларни болести и мозочен удар, но и дека поретко заболуваат од одредени видови рак, како рак на желудник и рак на панкреас.

Една од причините зошто оваа крвна група е најздрава можеби е затоа што таа содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а со тоа се намалуваат и шансите за појава на срцев и мозочен удар. Отпорноста на најопасните болести значи и поголеми шанси за долг живот.

Научниците ги донеле овие заклучоци врз основа на истражување спроведено на 800 стогодишници и 5.400 деведесетгодишници. Било откриено дека за брзината на стареењето многу се важни варијациите на одредени гени, од кои еден се однесува на видот на крвната група.

Извор: N1
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје