X
 23.01.2023 Политика

Откриени датумот и деталите за крунисувањето на Чарлс III

Бакингемската палата ги објави деталите за крунисувањето на Чарлс III, кралот на Обединетото Кралство. Крунисувањето предвидува прослави низ земјата кои ќе траат три дена и на кои ќе бидат поканети жителите.

Церемонијата за крунисувањето ќе се одржи на 6 мај, додека во недела ќе има ручек и концерт за одбележување на крунисувањето. Планирани се илјадници помали настани низ земјата на 7 мај.

Понеделникот, 8 мај, ќе биде неработен ден во земјата, а јавноста ќе биде повикана да учествува во некоја од стотиците активности чија цел ќе биде да поттикнат волонтирање во хумани цели.

Крунисувањето, кое ќе биде изведено од архиепископот на Кантербери, Џастин Велби, ќе ја одразува улогата на монархот денес и во иднина, притоа почитувајќи ги традициите.

Експертите очекуваат пократка церемонија во споредба со крунисувањето на Елизабета II, кое траело три часа.

Извор: CNN
Насловна фотографија: Wikipedia
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика