X
 25.01.2022 Култура

Симон Трпчески и виолинистот Максим Венгеров ја кренаа на нозе „Карнеги хол“

Нашиот славен пијанист Симон Трпчески и руски виолинист Максим Венгеров ја воодушевија публиката со својот концерт во легендарната сала „Карнеги хол“ во Њујорк. Ова беше втор нивен заеднички концерт од турнејата, откако претходно имаа успешен настап и во Лондон.

Двајцата врвни музичари добија стоечки овации од публиката, а за возврат отсвиреа дури три биса.

Трпчески и Венгеров лани првпат свиреа заедно на фестивалот „Музика мунди“ крај Брисел. Тие в четврток ќе имаат настап на големата сцена на Париската филхармонија.

фото: ФБ-профил на Симон Трпчески

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура