X
 25.06.2017 Живот

Кои се најглупавите грешки што може да ги направите во вашето CV?

Грешките во правописот во апликациите за работа или во кратката биографија се едноставни, но сепак многумина ги прават.

Една анализа на 40.000 CV-ја на Австралијанци, пратени како дел од апликација за работа покажала дека две третини од барателите на работа имаат помали шанси за вработување токму поради правописот. 67% од нив имале барем една грешка, а 50% имале четири или повеќе.

Џим Бриџит, експерт за кариера од Австралија изјавил дека резултатите не го изненадиле затоа што генерално состојбата со апликациите за работа е ужасна. Тој вели дека дури и кога биографијата е одлична, една грешка во правописот ја намалува шансата за вработување за 50%.

Освен грешките во правописот, тој вели дека оние кои бараат работа не ја приспособуваат нивната биографија на работата која сакаат да ја добијат и не ги нагласуваат нивните достигнувања. Всушност тие не истакнуваат како додале вредност на нештата и направиле разлика, а наместо тоа прикажуваат листа на одговорности.

„Одговорностите ги дава работодавачот, а работа на вработениот е да даде нешто повеќе од нив“, вели Бриџит.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот