X
 25.07.2016 Култура

Совети од Будизмот: Среќата никогаш не се намалува ако таа се подели

Сидарта Гаутама без сомнение е еден од најголемите мислители, филозофи и учители во историјата на човештвото и не престанува да инспирира милијарди луѓе и ден денес. Она што го зборувал актуелно е и денес исто колку што било и кога живеел.

Буда буквално значи „буден“, „оној кој е буден“ и се однесува првенствено на Сидарта Гаутама, индискиот мудрец кој живеел околу 500 година п.н.е кој доживеал просветлување и ги учел луѓето како да го постигнат истото.

Буда може да стане секој кој целосно ќе се ослободи од гревовите и менталните препреки, кој се буди од сонот на незнаењето и на тој начин ја дознава вистинската природа на светот, космосот, вселената воопшто, времето, себеси и живите суштества околу него.

Постојат многу изреки кои останале и кои денес со големо внимание се читаат од луѓето низ светот. Ова се некои од нив.

1. Она што сме е резултат на она што го мислиме. Умот е се'. Што мислиме тоа и стануваме.

2. Злоделата настануваат поради умот. Ако го промениме умот, дали злоделата можат да преживеат?

3. Илјада свеќи можат да се запалат со една свеќа, а животот на таа свеќа нема да се скрати. Среќата никогаш не се намалува ако таа се подели.

4. Не живејте во минатото, не мечтаете за иднината, концентрирајте го умот на сегашниот момент.

5. Без разлика на тоа колку свети зборови ќе прочитате, колку и да изговорите, не произлегува никакво добро од нив ако не живеете според нив.

6. Дури ни смртта не го плаши оној кој живеел мудро.

7. Мирот доаѓа од внатре. Не го барајте надвор.

8. На небото нема разлика меѓу истокот и западот. Луѓето прават разлика во сопствениот ум и веруваат дека е вистинска.

9. Ако јасно можеме да го видиме чудото на еден единствен цвет, целиот наш живот е променет.

10. Единствениот вистински неуспех во животот е човек да не биде верен кон она што знае дека е правилно.

11. Ви сами, еднакво колку и останатиот универзум, заслужувате љубов и приврзаност.

12. Три работи не можат долго време да останат скриени: сонцето, месечината и вистината.

13. Оној кој ќе се ослободи од злобните и навредливи мисли сигурно ќе пронајде мир.

14. Тогаш кога човек сфаќа се' значи дека простува се'.

15. Кога умот е чист, среќата доаѓа како сенка која никогаш не заминува.

16. Не можете да патувате додека самите не станете пат.

17. Кога ќе сфатите колку се' е совршено, ќе се смеете до бесвест.

18. Бардето се полни капка по капка.

19. Не верувајте во ништо, без разлика каде сте го прочитале и кој го кажал, дури и јас да го имам кажано ако тоа не одговара со вашиот здрав разум.

20. Песот не е добар пес ако добро лае. Човекот не се смета за добар човек ако зборува добро.

21. Ништо не е посмртоносно од сомнежот. Сомнежот ги дели луѓето. Тоа е отров кој го уништува пријателството и ги уништува пријатните односи. Тоа е трн кој иритира и повредува; тоа е меч кој убива.

22. Патот не е на небото. Патот е во срцето.

23. Имајте сочувство кон сите живи суштества, и богатите и сиромашните. Секој има свои страдања. Некои патат многу, некои премалку.

24. Учете ги луѓето овие три вистини: великодушно срце, љубезен збор и живот во служба на сочувството - ова се работите кои го обновуваат човештвото.

25. Целата тајна на постоењето е да се нема страв. Никогаш не се плашете од она што може да ви се случи, не зависите од никој. Вистински сте ослободени во моментот кога добивате помош.

26. Никој не може да ве спаси освен самите вие. Никој нема и никој не може. Вие сами мора да го изодите патот.

27. Да се освоите себеси е поголема задача од тоа да освоите друг.

28. Ваша задача е да ја откриете вашата работа и целосно да ѝ се посветите.

29. Подобро од илјада празни зборови е еден збор кој носи мир.

30. Омразата никогаш не престанува низ омраза. Омразата престанува низ љубовта. Ова е закон кој не се менува.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура