X
 25.11.2018 Образование

Евреите се непријатели, омраза кон жените и христијаните - Еве што учат учениците во Саудиска Арабија

Учебниците за средно образование во Саудиска Арабија промовираат омраза кон Евреите, христијаните, жените, геј луѓето и другите муслимански секти и покрај бројните ветувања за враќање на практикување на умерена форма на исламот.

Ова е заклучок од извештајот на Антидифамациската лига (ADL) која истакнува дека учебниците во Саудиска Арабија изобилува со стереотипи за Евреите, како што e тврдењето дека меѓу ционистичките цели е воспоставувањето на глобална влада на Евреите која би го контролирала светот.

Друг пример што се наведува во извештајот зборува за тоа дека ќе дојде ден кога муслиманите ќе ги покорат Евреите. Трет пример наведува цитат што вели дека е дозволено да се тепа жената тогаш кога е потребно.

Во Саудиска Арабија на сила е вахабистичкиот ислам што другите форми на исламот ги смета за ерес, а нетолеранцијата кон другите вери пораснала по 11 септември 2001 година, кога било откриено дека 15 од 19-те напаѓачи биле токму од оваа земја.

1
Фото: Reuters


Иако бројните религиозни лидери ги осудуваат исламистичките терористички групи како што е Ал Каеда и Исламска држава, екстремните ставови и понатаму се присутни во некои учебници за средно образование.

Извештајот наведува дека одреден напредок е постигнат кога станува збор за ова прашање, но предупредува дека во голем дел од учебниците ништо не се променило од нападот на САД на 11 септември 2001 година.

Директорот на „ADL“, Џонатан Гринблат побара од американската влада да спроведе детално истражување за учебниците во Саудиска Арабија.

-САД не може да ја сврти главата додека антисемитскиот говор на омраза од година во година се наоѓа во образовниот материјал за деца во Саудиска Арабија - изјави тој.

Голем дел од спорните делови во учебниците се врз основа на хадисите, сочувани поговорки на Мухамед и неговите другари, кои со Куранот се основа исламот. Во октомври 2017 година, владетелот на Саудиска Арабија Мохамед бин Салман ја задолил владата да го надгледува интерпретирањето на учењето на Мухамед за да се спречи злоупотреба и за цели на насилство и тероризам. Тој, исто така, вети дека земјата ќе ја врати на умерен ислам.

Од 2004 година, Стејт департментот ја стави Саудиска Арабија во категоријата на земји на кои треба да се внимава кога станува збор за религиски слободи. И покрај можноста за казнување со економск исанкции, ембарго на оружје и лишување од визи, што го овозможува Меѓународниот закон за религиски слободи, владата на САД не спроведува никакви мерки над Саудиска Арабија од 2006.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование