X
 26.10.2018 Наука

Кинески град сака да лансира вештачка месечина во вселената

Иако можеби звучи како заговор креиран од негативец во цртани филмови, станува збор за вистински проект - град во Југозападна Кина сака да лансира вештачка месечина во вселената која би можела да ги замени уличните светилки, осветлувајќи ја светлината со „мрачен сјај“.

Градските власти во Ченгду велат дека планираат да го лансира таканаречениот сателит за осветлување во 2020 година. Храбриот план беше објавен од Ву Чунфенг, претседател на Институтот за аерокосмичка наука и технологија, приватна компанија.

Ву рече дека екстериерот на сателитот во вид на огледало ќе ја рефлектира Сончевата светлина до Земјата, создавајќи сјај осумпати посветол од Месечината. Вештачката месечина, која ќе орбитира на 500 километри над Земјата, може да заштеди 174 милиони долари електрична енергија од уличните светилки.

1
Фото: Getty Images


Не е многу познато за сателитот што осветлува, вклучувајќи ја и големината или цената. Исто така, не е јасно дали воведувањето на друг извор на светлина на небото негативно ќе влијае врз локалното население и дивиот свет - можеби ќе се наруши дневниот светло-темен циклус.

Ова не е прва идеја за ставање нов извор на светлина во вселената. Во 20-тите години германскиот физичар Херман Оберт ја предложил идејата за користење огледало во вселената за да ја одрази светлината на Земјата, меѓутоа, идејата не била реализирана. Седум децении подоцна, на 4 февруари 1993 година, руските космонаути поставиле мало експериментално огледало од вселенската станица „Мир“.

Наречено „Знамја“, огледалото накратко рефлектирало зрак светлина до Земјата што бил два до три пати посветол од Месечината. Неколку дена подоцна огледалото било запалено кога повторно влегло во атмосферата на Земјата.

Но, и покрај големиот интерес за оваа идеја, Хант, кој специјализира историја на науката и технологијата, се сомнева околу кинескиот проект.

- Мислам дека огледалото во вселената не би било многу практично. Се сомневам дека ќе може да се управува безбедно за да се осветлат само посакуваните области. Тоа ќе придонесе за светлосно загадување, а нема ни да обезбеди доволно светлина за да се избегне побарувачката за осветлување на Земјата. Вселенските огледала ми изгледаат како решение во потрага по проблем - вели Хант.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука