X
 27.05.2019 Образование

Искуства на слушателите на курсот Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер

Разговараме со Јелена Наумовска и Билјана Јоновска од курсот Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер. Јелена по професија е дипломиран економист (насока финансиски менаџмент), ентузијаст за олдтајмери, вљубеник во книги и технологија. Билјана е дипломиран информатичар по професија авантурист, велосипедист и креативец по природа. Прочитајте што тие ни кажаа за курсот.

Кои беа твоите очекувања пред да се запишеш на курсот?

Јелена: Морам да признаам дека од поодамна сакав да посетувам ваков курс со цел да започнам да изучувам објектно ориентирано програмирање и  развој на софтвер и бев пресреќна што успеав да станам дел  од Interworks Education Center.



Кои се твоите очекувања после завршувањето на курсот?

Јелена: На курсот стекнувам доста знаење и вештини, а посебно внимание ми привлекуваат интеграциските технологии. По завршувањето на курсот очекувам да продолжам со работа во тој сегмент на ИТ секторот.

Како се одвиваше курсот?
Билјана:Курсот се одвиваше динамично од самиот почеток со интензивен напредок во однос на нашите знаења и вештини во пријатна и релаксирана атмосфера.

Три причини зошто некој да се запише на курсот?

Билјана: - Здобивање со огромни знаења во релативно краток период
 - Стекнување нови пријателства со потенцијални идни колеги
 - Можност за вработување во реномирана успешна компанија

Формирањето на нова група за курсот Основи на компјутерски науки и развивање на софтвер е во тек. Повеќе информации можете да добиете на отворениот ден кој ќе се одржи на 30.05.2019 во просториите на Интерворкс Едукативен Центар од 17:30 часот. Јелена и Билјана ќе бидат таму, како и други слушатели на курсот, а секако и предавачите. Се гледаме во четврток.


Комерцијален текст

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование