X
 28.04.2023 Живот

Какво време нѐ очекува во текот на продолжениот викенд?

За време на викендот и во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста, в недела и понеделник со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура утре ќе се движи од 1 до 7 степени, а максималната од 16 до 22.

Потоа следува благо покачување на температурите, па в недела минималните ќе се движат од 4 до 9, а максималните од 18 до 24 степени, додека в понеделник минималните ќе се движат од 4 до 10 Целзиусови степени, додека максималните од 17 до 23.

Фото: УХМР

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот