X
 12.09.2017 Живот

Временска прогноза за наредниот период

Денес е вторник, 12 септември 2017 година, 255-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:05, а ќе зајде во 18:53 часот. Денот ќе трае 12 часа и 48 минути.

Ова утро во Македонија имаме претежно облачно, ветровито и релативно топло време за овој период од година. Локално во јужните и југоисточните предели умерено облачно време со повремени сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во раните утрински часови во крајните западни и крајните источни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд кои постепено ќе престануваат. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време, а услови за сосема слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните северозападни и западни планински предели. Ќе дува доумерен засилен јужен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 12 до 21 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 19 односно до 31 степени. Во текот на ноќта вторник кон среда намалување на облачноста.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и свежо време. Ќе дува засилен југозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, додека пак максималната дневна до 28 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда свежо утро со утрински температури кои што ќе се движат во интервал од 6 до 16 степени, а во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со благ пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 21 до 32 степени. Во четврток и петок по свежото утро со утрински температури од 6 до 16 , односно од 5 до 15 степени во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло време со пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 23 до 34 односно од 24 до 35 степени. Во сабота сончево и многу топло време. Минималните температури од 6 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе бидат во пораст и ќе достигнат до 25 односно до 37 степени, температури кои што ќе бидат високо над просекот за овој период од годината.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот