X
 29.01.2022 Забава

Предавања од „Хогвортс“ сега се нудат онлајн

Колку пати сте замислувале дека слушате предавања на „Хогвортс“ наместо вашите предавања? Сигурно би било поинтересно да се слушаат предмети за одбрана од мрачни сили, магични напивки, историја на магијата и слично. Добрата вест е што постои онлајн платформа на која навистина се нуди тоа.

„Хогвортс ис хир“ нуди многу предавања што би се нуделе на фиктивното училиште за магија од светот во книгите „Хари Потер“.

Понудени се предавања за „ученици“ од прва до седма година. Секој предмет вклучува вистински лекции, а предвидени се и испити.

Платформата со овие предавања може да ја најдете овде.


Извор: Studentski
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава