X
 31.08.2019 Живот

Батлерот на принцезата Дијана го раскажа последниот разговор со неа

Иако е мртва повеќе од две децении, принцезата Дијана и понатаму е една од најважните фигури на британското кралско семејство. Медиумите се преполни со текстови за животот и смртта на трагично загинатата принцеза, а се шири и приказната за нејзиниот последен разговор со поранешниот батлер Пол Бурел, кој на медиумите им открил дека принцезата, иако не сакала, морала да оди во Париз пред да се врати во Лондон.

Дијана му рекла на Пол дека едвај чека да се врати дома по крстосувањето со нејзиниот партнер Доди Фоајед. Принцезата му рекла на батлерот, кој ѝ бил долгогодишен пријател, дека на југот на Франција е премногу жешко, а во бродот премногу ладно. Му ги споменала подароците што ги добила од Фоајед, меѓу кои биле и ѓердан, часовник и белегзија. Бурел ѝ рекол дека Фоајед сигурно наскоро ќе ја запроси.

Дијана не сакала да оди во Париз и ѝ се брзало да оди дома во Лондон. Сепак, морала да оди затоа што патувале со приватен авион на семејството Фоајед. Доди морал да оди во Париз поради некоја незавршена работа на неговиот татко, па парот одлучил таму да помине неколку дена. По разводот од принцот, Дијана го изгубила кралското осигурување, па не можела да се врати сама во Англија, туку морала да го почека Доди.

И двајцата загинaa по заминувањето од хотелот „Риц“, на пат кон станот на Доди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот