Графички дизајн

 

На студиската програма Графички дизајн се образуваат графички дизајнери,како творци на графичкиот производ и комуникациите.

Студентите се оспособуваат за креативна творечка работа во дизајнирањето на сите графички производи и комуникации кои се изучуваат на исти или сродни студии во светот. На студиите се стекнуваат знаења и вештини потребни за работа на сметачите, што е императив на сегашното и времето што доаѓа.Во таа смисла, графичките дизајнери во текот на студиите ги совладуваат техниките на сметачката графика и припрема, како и на дигиталното издаваштво што им овозможува широки можности за брзо вработување во земјата и во светот. Овие творци ќе можат да се вработуваат во издавачките установи,печатниците,во сите електронски и печатени медиуми,во специјализирани студија и слично.