Моден дизајн

 

На студиската програма Моден дизајн, се образуваат модни дизајнери, како творци на едни од нај атрактивните видови производи – модни производи. Овие дизајнери се исклучително значајни за индустријата, малото стопанство, пазарот, како и за целокупното стопанство и општеството. Познато е дека предметите за облекување се од моден карактер, и според тоа се секогаш во фокусот на интересот на пошироката јавност. Благодарение на модниот дизајн, функционалноста, естетиката и ергономичноста, предметите за облекување достигнаа високо ниво, според што модата е поставена во најатрактивните области на дизајнот. Во целиот свет студиите на модниот дизајн претставуваат посебен предизвик, како што е и на овој факултет. Студиската програма е од таква структура, што студентите ги оспособува за дизајнирање на нова мода која има исклучително економско, социолошко, естетско и психолошко влијание на луѓето.


Студиите на модниот дизајн опфаќаат дизајнирање на сите видови облека, текстил и дизајнирање елементи на убавина и стил (фризура,шминка,накит и слично).Примената на сметачите се провлекува низ наставните содржини, што е важно својство на студиите на оваа студиска програма. Актуелноста и севременоста на модата, како и голем број на фирми кои изработуваат модни производи,обезбедуваат реални можности за вработување на модните дизајнери.