Сликарство

 

Целите на студиската програма се насочени кон совладувањето и презентирањето на потребните вештини и знаења на студентите за да се оспособат да ги совладуваат задачите од областа на сликарството.


На оваа насока ќе се образуваат современи стучни кадри, општествено одговорни и креативни личности кои ќе се оспособуваат за самостојна уметничко – истражувачка работа во сликарството. Студиската програма овозможува образование на студентите за професионална и високостручна работа во сите сликарски дисциплини и ликовно образование. Ќе се изучуваат цртачки техники ( молив, јаглен,пастел и др.), како и сликарските техники (акварел, гваш, темпера, акрилик,масло и др.). Во технолошка смисла посебно внимание им се посветува на сликарскте техники (фреско, фреско-секо, мозаик, витраж, зграфито и др.). Современите мултимедијални техники имаат значително место во наставата. Програмските цели се на студентот да му се овозможи образование за стекнување на стручно – технички, практични и уметнички знаења, преку предавања, вежби, демонстрации, перманентни консултации и коректура,практична работа, работа на терен, семинарски работи и др.

Со завршувањето на студиите по сликарство се стекнуваат следните компетенции: самостојно водење и учество во интердисциплинарните процеси и развојно истражувачки проекти, педагошка работа, ликовна обработка на ентериер, во музеи, галерии, заводи за заштита на спомениците на културата,препаратор, реставратор, конзерватор, сценограф во телевизија,театар, опера балет и други сцени, уникатни декорации во градежната индустрија, креирање на уникатни сликарски дела со наменска естетичка примена, самостојна креативна работа и соработка со научни и уметнички институции и друго.

Следејќи го историскиот развиток на сликарството може да се констатира дека македонското културно наследство е неодвоив дел од светското културно наследство, а образованието на високо стручни кадри од овој профил претставува значаен фактор за воспоставување на континуитет на нашиот културен развој.