X
 11.05.2022 Препорачани огласи

Се бара СОС Претставник на терен (м/ж) Скопје

СОС Детско село е здружение на граѓани кое претставува дел од големото семејство на национални здруженија на меѓународната хуманитарна организација “СОС Детски села Интернационал”. Во нашата земја, СОС Детско село веќе 21 години поддржува деца и млади без родителска грижа и делува и работи на развојни услуги од областа на социјална заштита, социјална превенција и детски права.

За потребите на СОС Детско село, МПГ Солутионс ја објавува следната позиција:

СОС Претставник на терен (м/ж) Скопје

кој на професионален и позитивен начин ќе го претставува СОС Детско село и ќе ја проширува мрежата на СОС Пријатели.

Што бараме

- Работа на терен и директна комуникација со граѓаните
- Искуство во продажба и промоција
- Преговарачки вештини
- Ориентираност кон остварување на таргет
- Проактивен пристап
- Позитивна и љубезна комуникација
- Спремност за тимска работа
- Мотивираност и посветеност кон хуманитарна работа

Што нудиме

- Редовни месечни примања
- Стимулативни бонуси
- Флексибилно работно време од 20 часа неделно
- Искуство во интернационална невладина хуманитарна организација
- Развивање на нови знаења и вештини
- Континуирана едукација и можност за напредување

Испрати ја твојата биографија со јасна назнака за позицијата на info@mpg.mk најдоцна до 22.05.2022 година.
Активен до:    25.05.2022

Издвојуваме

Препорачани огласи