X
 22.11.2021 Интернационални огласи

Повик за учество на Светски младински форум во Египет

Во моментов тече пријавувањето за учество во Светскиот младински форум кој ќе се одржи во Египет на почетокот од следната година.

Темата на ова издание на настанот е Советот за човекови права, а млади од целиот свет ќе работат заедно за да создадат визија за еднаквост, регионална стабилност, мир и развој. Настанот се одржува од 10 до 13 јануари 2022, а на него може да учествуваат млади претставници од сите националности.

На сите учесници ќе им бидат покриени трошоците за патување и сместување. Пријавувањето трае до 15 декември.

Повеќе информации може да најдете овде.
Активен до:    15.12.2022

Издвојуваме

Интернационални огласи