Академијата „Јеншинг“ при универзитетот во Пекинг во моментов прима апликации од странските кандидати за програмата што започнува во 2021.
Академијата спроведува магистерска програма по кинески студии на англиски јазик. Сите кандидати што се примени на академијата добиваат стипендија што ги покрива трошоците за школарина, сместување, патување, здравствено осигурување и надомест за живот.
Пријавувањето трае до 7 декември. Официјалната веб-страница пронајдете ја
овде.