X
 04.04.2026 Живот

За академикот Панче Наумов и приемот во Европската академија на науките, трката што ќе ја разбуди Преспа... Што пишувавме неделава

Училиштето „Никола Карев“ во Пробиштип е едно од ретките што имаат затворен базен - часовите по пливање се вистинска радост за учениците

Сите знаеме дека пливањето е препорачливо за сите возрасти, затоа што има позитивно влијание врз физичкото и менталното здравје, но важно е и од социјален аспект. Базенот го користат сите ученици од шесто до деветто одделение во наставниот процес, но во план е да се вклучат и помалите од прво до петто одделение, вели директорката на училиштето, Марина Милановска

„Ние, младите, сами создаваме услови за подобро утре“, вели Ангела Трајчевска, дел од организаторите на трката што ја буди Преспа

Преспа нуди многу повеќе од плажа, смета 22-годишната Ангела Трајчевска, која е дел од здружението „Преспа хаб“ што во јуни годинава ќе ја организира првата трка покрај Преспанското Езеро. Таа е родена во Претор, туристичко село крај езерото. Поради студиите по пеење, веќе неколку години живее во Скопје, но во себе ги носи спомените и љубовта кон родното место. Како млад човек, заедно со група вљубеници во Преспа одлучи да ѝ ги врати туристите, но на еден поалтернативен начин.

Интервју со академик Панче Наумов: „Приемот во Европската академија на науките е високо признание за мојата работа во хемијата и науката за материјалите“

Академик Панче Наумов минатиот месец стана полноправен член на Европската академија на науките во Одделението за хемија. За членство во Европската академија на науки бил номиниран од ланскиот добитник на Нобеловата награда за хемија, Омар Јаги, професор на Универзитетот „Нортвестерн“ во САД.

Издвојуваме

Живот