Најголемиот светски производител на играчки „Лего“ објави фантастична реклама со најголемите фудбалски ѕвезди.
Еден од најпопуларните лего-сетови оваа година е пехарот на светскиот првак во фудбал.
Сетот стана вистински хит меѓу колекционерите, но и меѓу оние што дури сега почнуваат да собираат. Првите испораки брзо беа распродадени. „Лего“ обезбеди доволно количини, а неодамна објави реклама со Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор.
Во рекламата фудбалерите седат на маса и составуваат лего-пехар за светски шампион. Без ниту еден збор се натпреваруваат кој ќе ја стави својата фигура на врвот на пехарот, симболично најавувајќи ја титулата. На крај ги прекинува дете кое ја вади својата фигура од пехарот.
За помалку од два часа рекламата собра речиси 2 милиони лајкови, со оглед на тоа што сите ѕвезди ја споделија на своите профили.
Извор:
Tportal.hr
Фото:
Facebook