X
 08.08.2026 Живот

Филаделфија, САД: Меѓународен Славјански Универзитет дел од Годишниот настан на Академијата на менаџмент

Интервју со Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен Одбор при Меѓународен Славјански Универзитет по учеството на Academy of Management Annual Meeting во Филаделфија
Славјански

Меѓународен Славјански Универзитет (МСУ) од 31 јули до 4 август 2026 беше дел од Годишната конференција на Academy of Management (AOM 2026), која се одржа во Филаделфија, САД.

МСУ на конференцијата го претставуваа членовите на Управниот одбор, Михаела Ѓорчева и Иван Спасев. За Ѓорчева, која годинава стана член на Academy of Management и се приклучи кон две академски дивизии - Research Methods (RM) и Communication, Digital Technology, and Organization (CTO) - учеството во Филаделфија беше почеток на еден поголем процес.

По AOM 2026, на МСУ веќе се иницира формирање истражувачки тимови во различни области, а следната цел е поактивно учество на Универзитетот на AOM 2027 во Виена, со нови членови од академската заедница на МСУ и со конкретни истражувачки придонеси.

Со Михаела Ѓорчева, која воедно е и докторанд на Универзитетот во Љубљана, разговаравме за искуството од Филаделфија, нејзиниот истражувачки фокус на социјалните медиуми и нетнографијата, но и за плановите ова прво учество да прерасне во долгорочно академско присуство на МСУ во Academy of Management.

Михаела Ѓорчева има богато меѓународно искуство и во изминатите години активно учествува на бројни меѓународни академски, бизнис и лидерски настани и иницијативи во САД, Англија, Индија, Кина итн. Нејзиното учество на AOM 2026 во Филаделфија претставува уште еден чекор во проширувањето на нејзиниот академски ангажман и во градењето нови можности за меѓународно поврзување на Меѓународен Славјански Универзитет.

Ова беше Ваше прво учество на годишната конференција како член на Academy of Management. Какво беше искуството?

Годинава станав член на Academy of Management и уште при зачленувањето избрав две дивизии кои најмногу одговараат на моите истражувачки интереси - Research Methods и Communication, Digital Technology, and Organization.

Ова е најголемата академска заедница од областа на менаџментот во светот и мојата цел во Филаделфија беше да научам како се развиваат истражувачките теми во рамките на различните дивизии и каде можат нашите истражувачи да се вклучат.

За мене најважниот резултат од првото учество е тоа што сега многу појасно гледам како можеме како универзитет да имаме поактивен придонес кон оваа заедница.
Славјански

Посебно корисен беше саемот каде што имавме можност директно да се сретнеме со претставници на издавачи на научни списанија и учебници и организации кои развиваат современи академски и наставни ресурси. Разговаравме за можностите за објавување научни трудови, но и за користење на современи студии на случај, симулации и други наставни материјали.
 
За нас ова е особено важно бидејќи дел од овие ресурси ќе да бидат дополнително интегрирани во наставните програми на Меѓународен Славјански Универзитет, со цел студентите уште повеќе да работат на реални деловни ситуации, актуелни компании и современи менаџерски предизвици.

И, секако, целото искуство го надополни и самата Филаделфија. Тоа е прекрасен град со исклучително богата историја, култура и уметност, а воедно и град кој многу природно ја спојува академската атмосфера со американската историја. Покрај интензивната конференциска програма, имавме можност да запознаеме и дел од градот, така што од Филаделфија заминувам со навистина убави впечатоци - и професионално и лично.

Присуствувавме на бројни настани чии домаќини беа американски, турски, кинески и италијански универзитети, панели, презентации на научни трудови и дискусии, особено на сесии поврзани со истражувачки методи, комуникација, дигитални технологии и современи организациски феномени.

Дали во рамките на AOM забележувате простор за уште поголем фокус на дигиталните феномени?

Апсолутно. Една од работите што ми се допадна кај Academy of Management е што нејзината структура не е статична. Истражувачките заедници се развиваат паралелно со промените во науката и општеството.

Во моментов, на пример, постои иницијатива за формирање нова AOM дивизија посветена на социјалните мрежи, која и јас ја поддржав со својот потпис затоа што моите истражувања се токму во таа област и во нетнографијата.
Славјански
 
За мене е интересно да се види како самите членови можат да учествуваат во развојот на академската заедница и во создавањето простор за теми кои стануваат сè позначајни за современото истражување.

Тоа е уште една причина поради која членството во AOM не го гледам само како можност еднаш годишно да се присуствува на конференција, туку како можност за континуирано професионално и академско вклучување.

Вие сте и докторанд на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Дали учеството на AOM 2026 беше значајно и од аспект на Вашето докторско истражување?

На AOM 2026 сретнав и неколку мои колеги од Универзитетот во Љубљана, како и дел од професорите со кои сум имала можност да соработувам во текот на студиите.

За мене беше важно што на едно место да можам да ја поврзам мојата работа на Меѓународен Славјански Универзитет со студиите на Универзитетот во Љубљана. Од една страна, имав можност да следам теми кои се директно поврзани со моето докторско истражување, а од друга, да размислувам како контактите, знаењето и искуствата од AOM можат да отворат нови можности и за нашите истражувачи на МСУ.

Особено ми значеше и тоа што можев да разговарам со колеги и професори од Љубљана во една поширока меѓународна академска средина.

Таквите средби често отвораат нови идеи, различни перспективи и можности за идни истражувачки соработки.
Како планирате ова искуство да го пренесете на МСУ?


Тоа е најважниот дел за мене. Мојата цел не е AOM да остане мое индивидуално членство. По враќањето од Филаделфија веќе започнуваме да размислуваме многу поконкретно за создавање истражувачки тимови на МСУ во повеќе области.

Славјански


Имаме колеги со различни научни интереси и експертизи и сега сакаме дел од тие интереси да ги преточиме во структурирани истражувачки проекти.

Идејата е тимовите да идентификуваат релевантни истражувачки прашања, да работат на развивање истражувања во текот на годината и да создадеме повеќе можности тие резултати да бидат презентирани пред меѓународната академска заедница.

Тоа значи дека во Виена во 2027 година очекувате поголемо присуство на МСУ?


Тоа е планот.

Јас годинава влегов во AOM како нов член и сакав прво да ја запознаам организацијата, нејзините дивизии, луѓето и можностите што ги нуди.
Славјански
За следната година сакам да направиме голем чекор и други колеги од МСУ да станат членови, да ги идентификуваат дивизиите кои одговараат на нивните истражувачки интереси и да се вклучат во тие академски заедници.

Би сакала следната година во Виена да пристигнеме како поголема делегација со тим од барем 10 истражувачи во повеќе дивизии.

Што би значело ако истражувачи од МСУ започнат поактивно да учествуваат во различни AOM дивизии?

Тоа би значело создавање директни врски помеѓу нашите истражувачи и меѓународни академски заедници во нивните конкретни области.

Academy of Management опфаќа голем број различни истражувачки насоки, така што не очекувам сите наши колеги да се движат во истите области во кои се движам јас. Идејата е секој да ја пронајде академската заедница која најмногу одговара на неговата експертиза.
Славјански

На тој начин можат да се создадат контакти за уште повеќе заеднички истражувања, публикации, проекти, размена на знаење и други форми на академска соработка.

На долг рок, токму таквото индивидуално вмрежување на истражувачите може да создаде и многу посилни институционални врски за Универзитетот.

Која е тогаш главната порака што ја носите од AOM 2026?

Меѓународното академско присуство има најголема вредност кога по него следува конкретна работа.

Филаделфија за мене беше можност да влезам во една нова академска заедница, да слушам, да учам, да поставувам прашања и да видам каде постои простор за наше идно учество.
Славјански
Но, не сакам приказната да заврши со AOM 2026.

Следниот чекор е она што ќе го направиме со стекнатото искуство - нови истражувања, нови тимови, нови членови, поголема соработка и поголем научен придонес од МСУ на АОМ 2027.

Ако оваа година беше година на запознавање со AOM, тогаш сакам следната да биде година во која ќе почнеме многу поактивно да придонесуваме.

Филаделфија беше првиот чекор. Сега почнуваме интензивно да се подготвуваме за Виена.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Живот