X
 10.08.2026 Живот

Вирално видео од необичната кампања на Словенија за привлекување на војници во армијата

Снимка од војници на словенечката војска за време на обука стана вирален хит на „Тик-ток“. Видеото прикажува група војници кои маршираат во строј и изведуваат ритмичка песна. Еден војник го предводи пеењето, а остатокот од единицата гласно му возвраќа.

Во стиховите се споменуваат словенечките региони, со војнички хумор се опишува секојдневието во касарната, а на крајот се извикува: „За Словенија!“. Снимката предизвика бројни реакции.

Иако станува збор за вообичаена вежба која е дел од воената обука, видеото поттикна голем број хумористични коментари.

- Оваа војска може да војува само во Дизниленд - гласи еден од коментарите, додека друг корисник додал дека народот треба да ги брани војниците бидејќи се толку млади.

@postanivojak Spremljaj nas 🫡 Video Marja Pavlin #slovenskavojska #vojska #postanivojak #slotiktok #tabor ♬ original sound - Postani vojak!
Дел од кампања за привлекување нови кандидати

Виралната снимка всушност е дел од новата кампања на словенечката војска под слоганот „Стани војник“. Целта на кампањата е да се поттикне интересот за воениот повик и да се привлечат нови кандидати. Во промотивното видео, Марја Павлин ги поканува заинтересираните да размислат за кариера во војската и објаснува како изгледаат пријавувањето, обуката и секојдневниот живот на еден војник.

Кампањата е насочена кон младите, но и кон сите полнолетни лица кои размислуваат за воена служба. Заинтересираните можат да се пријават преку официјалните конкурси, а пред да влезат во системот мора да ги исполнат пропишаните услови, да поминат лекарски преглед и постапка за селекција.

Важен дел од подготовката се воените кампови и обуките, на кои кандидатите минуваат низ физичка подготовка, учат за тимска работа и воена дисциплина и стекнуваат вештини потребни за воената служба.

Од словенечката војска порачуваат сите заинтересирани да ги следат официјалните конкурси и да ги проверат условите пред да се пријават.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/TikTok

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот