X
 08.10.2020 Живот

Почина коосновачот на компанијата dm дрогерие маркт, Гинтер Бауер

Гинтер Бауер, коосновачот и член на компанијата dm дрогерие маркт Австрија/CEE, почина во својата 76. година од животот. Тој, заедно со својот долгогодишен пријател и партнер Гeц Вернер, во 1976 година ја основа компанијата dm дрогерие маркт во Австрија. Во следните години тој учествуваше во успешното ширење на компанијата во единаесет земји.

Денес потконцернот dm Австрија / CEE (Централна и Југоисточна Европа) работи со повеќе од 1.700 филијали, над 21.000 вработени и остварува промет од речиси 3 милијарди евра. Со тоа dm важи за најголем дрогериски синџир во Европа.



Гинтер Бауер беше целосно посветен на својата визија да создаде деловно опкружување засновано на темели на вистински вредности и јасни ставови. Се стремеше да создаде компанија која во центар го поставува човекот, како купувач така и вработен, и која континуирано го унапредува своето работење, а во која довербата и почитта неизмерно вредат. Од друга страна, неговиот поглед на успехот се рефлектира во начелото дека е потребно компанијата да дејствува одговорно во пошироката заедница и дека општествено одговорното работење и фокусот на принципите на животната средина даваат конкретни и видливи резултати.  

Компанијата dm дрогерие маркт повеќе од четири децении ги заснова своите деловни активности токму на животното дело, идеи и вредносни начела кои ги втемели Гинтер Бауер.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот