X
 10.12.2025 Вработување

Цементарница УСЈЕ вработува помлади оператори во производство

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги
остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени,
насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од
една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Помлади оператори во производство
Одговорен за помагање во водење на технолошкиот процес на добивање готов производ, пакување и палетизирање на цемент и усјемал во склад со процедурите за работа. За време на застои и заглавување учествува во отстранувањето на дефектите, одглавувањето, и расчистувањето на погонот. Работното време се одвива во три смени. Платата се зголемува со додатоците за сменско работење и прекувремена работа.

Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа.

Kвалификации на кандидатите:
• CCC/IV степен стручна подготовка
• Претходно работно искуство ќе се смета за предност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо
2. Биографија (CV)
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на
неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува
соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална
определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ https://www.usje.mk
во делот „Кариера/Придружете ни се“ или на mail: hr@usje.mk или да достават CV во архива во
просториите на Цементарница УСЈЕ.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Активен до:    20.12.2025

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Вработување